Бројот на заразени од коронавирус во Македонија надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени.

Во моментов активни се 3.678 од случаите, според податоците на Министерството за здравство, од кои 2.007 лица се од Скопје.

Досега излекувани се 3.027 пациенти, а починаа 341 лице.

Од почетокот на пандемијата направени се вкупно 67.165 тестирања.