Фото: Архива

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот.

Зекири информира дека позитивни на коронавирус се и неговата сопруга како и неговото тримесечно бебе.

„И покрај строгото придржување кон мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за ковид 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултатот е позитивен. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, пишува Зекири.

Тој изрази жалење и се извини на оние со кои бил во контакт бидејчќи можеби несвесно последниве денови ги довел во незавидна позиција.