Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.

– По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Северна Македонија – информираат од МНР.

Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија.