Тиесет и еденгодишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен во болница пред шест дена.

Министерот за здравство вели дека ја имал најтешката форма која е досега опишана во медицинската литература за компликации од коронавирус.

– Кај помладиот починат пациент имаше нагло влошување на состојбата. Веднаш е поставен на респиратор меѓутоа неговата клиничка слика е со крвавење и практично распад на белите дробови. Еден ризик фактор кај него е обезноста што ја имал. Обезноста во вакви случаи е ризик фактор – рече министерот Филипче.

Тој е од Скопје, а како се заразил со коронавирус министерот најави дека дополнително ќе информира откако ќе се провери неговата епидемиолошка анкета. Младиот пациент во бил примен на Инфективната клиника на 23 март.

Почнатиот 31- годишен скопјанец министерот Филипче вели дека треба да ги убеди сите досега неубедени во сериозноста на вирусот.

– Денес имаме и еден млад човек којшто почина. Тоа е доказ дека вирусот не штеди никого, никој не е имун, ниту е заштитен. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите кои досега не беа убедени за сериозноста на вирусот, сега верувам дека им е јасно дека ова е многу сериозна закана. Дека мораме сериозно да се однесуваме. Нема да биде лесно, апелирам сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме одговорно. Оваа борба зависи од секој еден од нас – рече министерот Филипче.

Тој потсети дека помина нешто повеќе од еден месец откако беше регистриран првиот случај на заразен од коронавирус кај нас. Кривата на болеста се искачува линеарно на експоненцијално и сите пријавени случаи може да се згрижат без пренатрупаност во болниците, но според Филипче ни претстои најтешкиот период.

– Пред нас е најтешкиот период, бројот на зболени во светот расте, ќе расте и кај нас. Ни претстои за жел период во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Ние сме се уште во еден вид на војна со вирусот Ковид – 19. Сакам да уапатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв, донесе несигурност – рече министерот Филипче.
Покрај 31-годишниот пациент, Филипче денес извести и за починат 91- годишен пациент со што сега вкупно шестмина починаа од коронавирусот во Македонија.

По прес-конференцијата на министерот, Министерството за здравство информираше за уште двајца новозаразени од коронавирус со кои вкупната бројка се искачи на 259 пациенти.