Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, нека прифатат да прогласат кризна состојба, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку обраќање од неговиот дом, каде деновиве се наоѓа во изолацијата поради контакт со новинар заразен со ковид-19.

– Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација и суета од страна на владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово – рече Мицкоски.

Тој му порача на премиерот Спасовски, да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на кумановчани и градоначалникот на Куманово бидејќи има време за внатрепартиски пресметки и за политичка битка, а сега е најважно здравјето на граѓаните.

Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, нека прифатат да прогласат кризна состојба, добро е што владата ја прифати идејата за државни записи и да не манипулираат со реформата на пензиските фондови. Полна поддршка за министерот Чулев, законот мора да важи за сите подеднакво.

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 15 април 2020