Јас не ја поддржував карантин ниту за време на големиот православен христијански празник Велигден, a не поддржувам ни сега, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали поддржува 58 часовен карантин.

– Ценам дека е премногу и ценам дека и тогаш но и сега се потребни полиберални мерки, односно не е потребен ваков рестриктивен пристап, бидејќи не ја разбирам целта на овој рестриктивен пристап ако следниот ден немаме никакви мерки. Кога и понатаму би продолжиле со истиот пристап, тогаш да можеби би имал некакво разбирање, но ако вие воведете карантин 58 часа, а следниот ден заборавите дека воопшто постоел тогаш не ја гледам исходноста на една таква постапка. Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега – рече Мицкоски.