Во овие моменти, без трошка колебање го одбирам интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори, најави на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Сите анализи и предвидувања одат во прилог на тоа дека изборите би значеле отворање на нови жаришта со коронавирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор – пишува Мицкоски во своето обраќање.

Според него, сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но додава дека здравјето на граѓаните е примарно во пикот на кризата.