Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, граѓаните на Кичево во целост го почитувале полицискиот час и нема негово прекршување.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Полициските службеници на ниво на СВР-Охрид извршиле 64 контроли врз лица во изолација и четири контроли врз лица во самоизолација.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(40) години од овој град. При контрола извршена на 19 мај на улица  Маршал Тито во Кичево, полициските службеници околу 20 часот го затекнале пријавениот како управува патнички автомобил „опел-астра“, без да има дозвола од надлежен орган, со што не ја почитувал мерката за забрана на движење за време на полицискиот час од 19 до 5 часот наутро.