Министерството за здравство отвори наменски донациски сметки поради големиот интерес за донации. За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението од коронавирус, средствата може да се уплатат на:

Во денари:
Сметка бр. 1900100434 785 K2;
Депонент на: НБРМ;
Приходна шифра бр. 744311;
Програма бр. 10;
Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“.

Во американски долари:
Correspondent bank details:
CITIBANK NA NEW YORK
Address: 111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043
SWIFT BIC: CITI US 33

Министерството за здравство им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство.

За таа цел, Министерството за здравство има изработено листа на приоритети за набавки.