Министерството за здравство, во изјава за МИА, соопшти дека почнале преговорите за набавка на лекот против ковид-19 „молнупиравир“, истакнувајќи дека навремено ќе објават информации во врска со процесот.

Лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на коронавирус. Тој се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, како што посочуваат од Министерството.