Фото: Игор Бансколиев

Во периодот од 6 август до 2 септември на територија на државата 22.416 граѓанини биле позитивни на ковид-19. Од нив 18 отсто биле целосно вакцинирани, односно 4.191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистикат, за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81 отсто од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87 отсто, додека само 13 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со ковид-19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.