Во текот на изминатото деноноќие, на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, велат од МВР.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 620 прекршоци.