МВР нема профил на Инстаграм, а креаторите на лажните профили ќе бидат законски санкционирани, реагира Министерството за внатрешни работи бидејќи деновиве биле креирани профили на оваа социјална мрежа, а со називот на институцијата.

– Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата, и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили – велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи има своја веб-страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб.