Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата.

Затворени се вкупно седум локали. Тие ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата.