Струмичкото основно јавно обвинителство поднесе обвинение против мајка и ќерка од Струмица на возраст од 56 и 35 години, поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата од коронавирус во земјава.

Како што информираат од обвинителството, мајката и ќерката на 27 и 28 февруари во Струмица во повеќе наврати, не постапиле според посебните мерки за заштита кои им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.

Во текот на овие два дена обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кој биле изолирани, при што биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките.

Мајката и ќерката започнале расправија со полицајците и се спротивставиле на наредбите.