Мајката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивна на ковид-19.

Мицкоски ја потврди информацијата, коментирајќи дека со неа се немал видено подолго време. Направено е епидемиолошко интервју, па луѓето кои што биле во нејзина близина веќе се наоѓаат во самоизолација.

– Јас подолг период се немам видено имајќи го предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи се среќавам со луѓе и разговарам. Веќе неколку дена, околу 5-6 дена таа е во домашни услови и ѝ посакувам добро здравје. За жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вирусот е многу сериозен и граѓаните треба да бидат претпазливи.