Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е негативен на коронавирус по направениот прв тест, како што објави тој на неговата фејсбук-страница. Манчевски најави дека ќе се врати на работа в понеделник доколку и вториот тест биде негативен.

– Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4-0. Да се надеваме на 5-0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита – напиша Манчевски на Фејсбук.