Владата на денешната седница донесе одлука за набавка на дополнителни количини брзи антигени тестови за ковид-19.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат – соопшти Владата.

Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Владата исто така ќе достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на болниците во државата.