Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од ковид-19.

Од листата се отстранети и Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Отстранувањето од списокот, го олеснува патувањето во Германија за македонските граѓани.

Новите правила за патување ќе важат од утре.