Анализите покажуваат дека Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти Министерството за здравство.

– Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени – велат од таму.

Министерството информира дека во моментов земјата располага со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат.

– Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава – велат од МЗ.

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион…

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Сабота, 04 април 2020