Против 43-годишно лице од Свети Николе поднесена е кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Тој го напуштил својот дом и се движел по улицата Илинденска во Лозово, односно не постапил според решение на државен санитарен и здравствен инспекторат со кое му било одреден здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена се до 18 јуни, како и напуштање на домот.

Со тоа, како што информираат од МВР, тој не почитувал решение од 11 јуни со кое му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена со цел спречување на ширење на ковид-19.