Лекар од болницата во Кавадарци чија ќерка се вратила од Италија на 6 март не го почитувал упатството за самоизолација и продолжил да оди на работа.

И покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор.

На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.

Основното јавно обвинителство Кавадарци му предложи на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност.