Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во проширен состав,
Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување на кризи денеска на итна седница ги донесоа следните заклучоци и мерки.

Службите на ЈП Паркин да ги дезинфицираат на секои 30-40 минуто со средство за дезинфекција сите банкомати во градот.

Согласно заклучокот на владата од 23 седница се препорачува на граѓаните да ги
избегнуваат сите групирања над 5 лица. Во однос на овие заклучоци за тероторијата на општина Кавадарци препорака е да не се групираат над 5 лица во викенд населбите Моклиште, споменикот на 12, Ваташки младинци и на Тиквешко Езеро. На овие места ќе има редовна контрола од ОВР Кавадарци.

Почнувајќи од денес на трите влезови во градот ќе се постават пунктови за дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во градот и транзитираат. На пунктовите ќе бидат дежурни лица од Шумското стопанство „Бор“, Дирекцијата за заштита, територијална противпожарна единица, Јп Комуналец, инспекциското одделение на Општина Кавадарци, Мој општинар и ОВР кавадарци. Ми.М.