Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските граѓани.

Земај вели дека ваквата „избрзна одлука“ им нанесува штета на косовските граѓани и на бизнисот.

– Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата со коронавирусот – напиша Земај на Фејсбук.