Фото: Зоран Антоски

На иницијатива на градоначалникот Фатмир Дехари, согласно препораките на Владата, по повод актуелната систојба со kоронавирусот во Македонија, денес во Општина Кичево се одржа координативен состанок, на кој беа присутни претставници од сите релевантни структури во општината од ОВР Кичево, ДЗС ПО Кичево, директорите на Општата болница и Здраствениот дом Кичево, директорот на ЈКП Комуналец, претставник од општината и др.

– Согласно препораките на Владата денес ја свикавме оваа консултативна средба за да се договориме со сите релевантни структури во општината, за да бидеме што поподготвени за борба против коронавирусот, кој зема сѐ поголем замав во земјава и  во нашето опкружување. Сите задно ќе се потрудиме да продолжиме со нашиот ангажман, но за сите граѓани е важно да не се создава паника кај нив, за да можеме што поефикасно да се справиме со оваа пандемија. Во тој правец, извршена е дезинфекција на сите училишта и градинки во општината, а може да забележите дека секојдневно ги миеме и дезинфицираме улиците, со што ќе придонесеме за уште поголема безбедност на граѓаните и ќе го спречиме ширењето на коронавирусот – рече градоначалникот Дехари.

На средбата се обрати и директорот на Општата болница Кичево, д-р Станко Трпески. 

– На сите ни е добро познато со какви просторни и персонални капацитети располага кичевската болница. Ќе се погрижиме сите наши потенцијали  да ги вклучиме во борба со коронавирусот. Ги реактивираме и докторите кои беа во пензија, а се од соодветните области, имаме и добра соработка со епидемиолот од Битола, Тони Коњаноски, кој е одговорен за нашето подрачје и така сите сплотени ќе се обидеме да ја надминеме оваа кризна состојба – истакна д-р Трпески.

На крај, Трпески посочи дека деновиве ќе извршат скрининг врз одредени граѓани, за да ги испробаат тестовите врз здрави пацинти.