Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 како прва доза, 3.064 примиле втора доза, а на 67 граѓани им е дадена трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 28 септември, вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, втора доза примиле 724.835, а трета доза – 137 граѓани. 52 % од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 32 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Според последните извештаи, опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 %, а со две дози опфатени се 43,5 % од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина.