Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството.

Комисијата за заразни болести посочи дека активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји, и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Македонија.

По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата.