Се очекува Комисијата за заразни болести да упати препорака до Владата за нови рестрикции чија цел е спречување на ширењето на коронавирусот, по нејзиниот денешен состанок, со оглед на влошената епидемиолошка состојба во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес-конференција во 11 часот, на која веројатно ќе ги соопшти проценките на Комисијата за евентуалната потреба од дополнителни мерки покрај полицискиот час кој трае од 22 до 5 часот наутро.