Фото: Игор Бансколиев

За време на викендот полицискиот час да трае од 19 часот до 5 часот наутро, предлага Комисијата за заразни болести, по денешниот состанок на кој денеска бил вклучен и Централниот штаб на Владата.

Овој предлог ќе се разгледува попладнево на денешната седница на Владата.

– Во однос на олабувањето на мерките останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден, а потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки кои ќе бидат доставени до Централниот штаб и до Владата – изјави министерот за здравство Венко Филипче.