Фото: Маја Јаневска-Илиева

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да не предложи воведување на нови рестриктивни мерки. По состанокот беше заклучено дека мерките би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, а засега состојбата е стабилна. Оттука нагласија дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и Тетово.

– Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за кови- 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации – велат од Комисијата за зразни болести.

Епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и потребна е помасовна вакцинација за да се спречи појавата на нов бран на ковид-19, според надлежните.

Претходно, во медиумите, како теми на разговор на денешниот состанок беа истакнати можноста за забрана на веселби во затворен простор, како и можноста за засилени контроли на границите, односно за воведување на мерка за влез во Македонија само со негативен ПЦР-тест или со потврда за вакцинација.