МЗТ Скопје Аеродром потврди дека еден член на нивниот стручен штаб е позитивен на корона вирусот, по што целиот тим влезе во самоизолација, придржувајќи се на правилата пред тестирањето.

– И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на ковид-19. Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати од вечерва во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.

Во текот на утрешниот ден очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот. Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови на ковид-19.

МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот – се вели во соопштението на МЗТ.