Фото: Зоран Антоски

За првпат после подолг период бројот на излекувани од ковид-19 во Кичево се спушти под 100, поточно по двајцата излекувани пациенти изминатото деноноќие, бројот на активни случаи изнесува 98. Во истиот период бројот на вкупно излекувани пациенти се искачи на 155 и од поодамна бројката на починати е 10.

Овој позитивен тренд се очекува да продолжи, бидејќи повеќето пациенти се со полесна клиничка слика.

– Нашите предвидувања дека ќе се зголемува бројката на излекувани пациенти и ќе се намалува на активни, добива своја фактичка валоризација. Ако нешто непредвидено не се случи и во наредните денови треба да очекуваме нов пад на активни случаи. За подобрување на состојбата секако се заслужни и граѓаните, кои во локалите во најголем број седат во отворените делови, без помасовно групирање, што е добра претпоставка да продолжи овој тренд. Будноста секогаш мора да биде на највисоко рамниште, ако сакаме да не ни се случи забрзан пораст на новозаболени, што од нас никој не го посакува – вели д-р Џабира Бајрами, член на Кризниот штаб. З.А.