Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кажа дека епидемиолошката состојба се уште не е катастрофална, но е неповолна. Тој вели дека новите мерки не се донесени порано поради тоа што се чекало податоци од цела недела. Караџовски објасни дека коронавирусот е распространет низ цела држава, а здравствениот кадар е веќе преморен.

– Овие мерки се сега бидејќи вирусот не е истиот од ноември, а кумулативниот број на болни и хоспитализирани не се исти. Ако тогаш кажувавме дека имаме од 800-1.000 случаи и може да изменаџираме, сега не е така. Се случува бум од позитивни. Има од 1.200-1.300 заболени. Се насобраа огромен број на случаи, бидејќи во краток временски период од две-три недели се наполнија болниците. Сигурна е епидемиолошката состојба кога нема ширење на вирусот, второто е катастрофална и неповолна. На територија на целата држава имаме распространето ширење на коронавирусот. Бидејќи се уште ја менаџираме ситуацијата, истата не би ја оценил како катастрофална, бидејќи имаме уште здравствени капацитети. Нам ни е проблем здравствениот кадар во моментов. Ниеден пациент не е без медицинска нега. Здравствените работници се уште се функционални, но преморени, и не знаеме до кога ќе бидат функционални – рече караџовски.

На прашањето зошто сега мерки, а не минатата недела , тој истакна не ги носиме одлуките „ад-хок“ т.е од денес за утре.

– Се прави анализа на неделна и двонеделна основа. Ја покриваме состојбата на недела или две. На ниво на недела сме имале зголемување на 26 проценти – кажа Караџовски.
Според него, во пет градови состојбата е критична.

– Најголем проблем е Битола, Куманово, Тетово, Скопје. Пет градови се критични, заради инфраструктурата или затоа што воопшто немаат инфраструктура за сместување на пациенти. Епидемиолошки, состојбата е несигурна. Ова е за да се растеретат здравствените работници, да им дадеме капка одмор. Да можат да влезат во шема кога ќе заврши овој период. Да обезбедиме нови капацитети. Немој да мислите дека по 14-от ден, нема да постои ковид-19. Ние во моментов го спречуваме бројот на заразени кој минатата година за време на Велигден и Бајрам ни се одрази – додаде Караџовски.