76 граѓани се сместени во државен карантин во хотелот Молика на Пелистер. Лицата се вратени со чартер лет од Меминген, Германија и се сместени во хотелот Молика во текот на изминатиот викенд.

Изолациониот период тече во најдобар ред, граѓаните добиваат три оброци дневно, вода, средства за лична хигиена и за одржување на хигиена во собите. Исто така, овозможено им е и да примаат храна, облека и други потребни средства од нивните блиски, кои можат истите да ги предадат во хотелот секој ден меѓу 11 и 12 часот.

Во хотелот има строга дисциплина и почитување на сите воспоставени протоколи, и редот се одржува од службени лица од МВР.

Персоналот нема допир со изолираните граѓани. Храната се подготвува во хотелската кујна, но истата се доставува до собите од страна на едно лице-волонтер, кое обврските ги обавува под заштитна маска и ракавици и кое во овој период исто така е сместено во хотелот.

Приемот и сместувањето на граѓаните се направени во координирана, професионална и успешна соработна со МВР и со Клиничката болница во Битола, за што АД ЕСМ упатува благодарност до институциите.