Капацитетите на Инфективната клиника се исполнети и од синоќа во функција е ставена модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда, објави „360 степени“ повикувајќи се на изјава на министерот за здравство Венко Филипче.

– Есенскиот бран на новозаболени го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнево, пополнети се сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение – изјавил Филипче.

Министерот уверува дека нема потреба од паника и оти здравствениот систем е подготвен да се справи со состојбата, но дека треба да се почитуваат мерките и препораките.