Владата ги прифати препораките на Министерството за здравство за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичните земји.

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на ковид-19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

– Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

– Се забранува контакт со други лица

– Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

– ракавици за еднократна употреба,

– заштитни маски Н 95 или ФФР 3 со единечен филтер

– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни наочари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

– Да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во земјата, да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.

За време на патувањето

– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

– Почесто проветрување на кабината за време на возењето

– При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема

– Забрането е примање на слепи патници

– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Како 16-та точка од денешната 20-та седница, е утврдено да се задолжуваат Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, обрасците со Изјавите за самоизолација да ги преведат и на албански јазик.