Во текот на изминатото деноноќие, а во врска со забраната за движење во периодот од 21.00 до 5.00 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, информираат од МВР.

Најмноголем дел од нив се од Скопје (44), при што биле приведени 26 лица. Против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека, пак, 71 лице се опоменати.

Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на владата, а објектот е затворен.

Севкупно во периодот од 26.02. до денес 24.03 издадени се 1.105 решенија за изолација, додека, пак, 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација.