Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година) на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице биле регистрирани 378 прекршоци, соопштуваат Министерството за внатрешни работи. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.