За време на полицискиот час, при вршење контрола на улицата Шишка во Кавадарци, полициски службеници се обиделе да запрат автомобил „опел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но истиот не застанал.

Набрзо возилото е пронајдено во селото Марена, а во него биле три лица на возраст од 51, 30 и 46 години.

Притоа, 30-годишникот се обидел да избега, при што паднал и се повредил.

Тој бил префрлен во болницата во Кавадарци, каде што му била констатирана тешка повреда, односно скршеница.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.