Фото: Зоран Антоски

По двата негативни теста извршени деновиве и официјално е потврдено дека и третиот заразен од ковид-19 во Кичево е излекуван, и моментно во овој град како активни случаи се водат 58-годишен маж и 53-годишна жена, кои не се во никакво сродство. По информацијата дека во Кичево има двајца новозаразени од ковид-19, тестирани се нивните најблиски и лица со кои последните денови заразените биле во контакт, за да се оневозможи натамошно ширење на опасниот вирус.

– За да не дозволиме натамошно ширење на коронавирусот, беа тестирани најблиските и лицата кои биле во контакт со заразените последните неколку дена. Ако резултатите бидат негативни, ќе бидеме сигурни дека нема опасност тие да ја прошират заразата и на други жители на градот – велат од општинскиот Кризен штаб. З.А.