Исламската верска заедница (ИВЗ) пред два дена испратила писмо до Владата, кое денеска го објавија и јавно, со кое бараат да не се воведува дополнителен полициски час за време на продолжениот викенд, односно празникот Рамазан Бајрам.

Во писмото наведуваат дека нема да се откажат ниту од молитвата во верските објекти.
Писмото е испратено и до Комисијата за заразни болести, која пак, денеска ѝ предложи на Владата да воведе рестрикција за движење од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро.

Ваквиот предлог го посочи и министерот за здравство Венко Филипче, според кого, на овој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот, со оглед на тоа дека не се почитуваат препораките за заштита од инфекцијата со држење дистанца и носење заштитна опрема.

Владата на седница треба да ја потврди или одбие препораката за воведување продолжен полициски час.