Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќиие на ниво на ОВР Кичево, на 28 граѓани издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување и ширење на заразна болест ковид-19.

Воедно полициските службеници во соработка на Државниот пазарен инспекторат извршиле 37 контроли врз угостителски и други објекти, најмногу на ниво на СВР Охрид, каде вкупно се извршени 83 контроли. З.А.