Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 3 до 9 мај, во општината имало 58 нови случаи на ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале шест лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 денеска изнесува 412, од кои на болничко лекување се наоѓаат 32 лица. Триесет и едно лице е на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 37 пациенти.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп од почетокот на пандемијата изнесува 8.243. А од коронавирусот починале вкупно 411 лица. Ка.М.