Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека за изминатите седум дена во општина Прилеп имало 402 нови случаи на новозаразени од коронавирусот, додека од компликации и последици починале 17 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 1.000, од кои 833 лица се наоѓаат на домашно лекување, 119 на болничко лекување. Вкупно 48 лица се лекуваат во дневната болница, а на кислородна поддршка се наоѓаат 92 пациенти.  Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.805 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 досега изнесува 3.010. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 131 лице. Ка.М.