Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 30 ноември до 6 декември, во општина Прилеп имало 371 новозаболен од коронавирус. Од последици на коронавирусот починале 20 лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 988, од кои 788 лица се наоѓаат на домашно лекување, 128 на болничко лекување, а 72 се лекуваат во дневната болница, додека на кислородна поддршка се наоѓаат 75 пациенти.

Вкупниот број на заразени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 3.383, а починало 151 лице. Ка.М.