Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 9 до 15 август, во општина Прилеп имало 31 нов случај на ковид-19. Од последици на коронавирусот починало едно лице.

Бројот на активни случаи со ковид -19 во Прилеп изнесува 51, од кои 9 лица се
хоспитализирани, а останатите се наоѓаат на домашно лекување.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 досега во Прилеп изнесува 8.385, а од
почетокот на пандемијата од коронавирус починале 427 лица. Ка.М.