На владина седница ќе се разговара дали во Куманово ќе биде воведен 14-дневен карантин, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој објасни дека при носењето на мерките ќе се земат в предвид големината на градот, опкружувањето, регионот што го опфаќа, како и ефектите што ќе ги дадат овие мерки.

– Ситуацијата е сложена во повеќе градови, а меѓунив е и Куманово кадешто имаме зголемен број луѓе инфицирани, а тоа говори за фактот дека и посветеноста на Владата во овој дел е насочена многу на справување со целата оваа состојба. Од една страна да го одржиме стабилен здравствениот систем и од друга страна максимално да им се помогне на граѓаните преку препораките што ги носиме и преку нивно почитување – изјави Спасовски.

Во Куманово до денеска, позитивни на коронавирус се 320 лица.