Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција денеска постапуваа на подрачјето на скопската општина Чаир и во Тетово поради непочитување на мерките на владата за справување со Ковид 19.

Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница во Чаир и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Тетово пак затворен е угостителски објект на ул. Браќа Миладинови и две кафетерии во тетовски Пирок. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат.