Според последните информации од министерство за здравство има двајца новозаразени во Прилеп. Еден од лекарите во Инфективното одделение во прилепската болница е позитивен на тестот за коронавирус, а другиот лекар се наоѓа во самоизолација.

Ова го соопштуваат од општина Прилеп, потенцирајќи дека од понеделник, 6-ти април, инфективното одделение ќе функционира согласно оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе биде утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата.
Од општината додават дека еден од административните работници во компанијата „Гентерм“ е позитивен на тестот од коронавирус, заради што фабриката привремено нема да работи.
До вчера од коронавирусот во Прилеп се заразени 24 лица, од кои три лица се од здравствените институции во градот, вклучувајќи го и лекарот од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.
На инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ се лекуваат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.
Во самоизолација се наоѓаат 134 лица. Во изминатите 24 часа граѓаните го почитувале полицискиот час и не се забележани никакви прекршувања.

Ка.М.