Вкупно 76 ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство се активни случаи на ковид-19, според вчерашните извештаи од училиштата, информира Министетството за образование и наука во изјава за МИА.

– Хибридниот модел на настава резултира со помалку од еден процент активни случаи на ковид-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес – се наведува во изјавата од МОН дадена за МИА.

Од МОН додаваат дека доколку има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите.